ФК Шкупи

Шкупи потпиша со репрезентативец на Сенегал

Актуелниот македонски шампион, Шкупи го промовираше Алберт Ламане Диене од Сенегал како ново засилување на тимот. 

24-годишниот Диене уште од подготовките за новата сезона е со Шкупи, но поради процедурите за престој, официјалната промоција се случи дури сега.
 
Тој е играч кој настапува на сите позиции во нападот. Има шест настапи за репрезентацијата на Сенегал и еден гол.
 
Диене веројатно ќе биде наследник на Сандеј Адетунџи кој треба да биде продаден ова лето бидејќи интересот за него е голем по одличната мината сезона.
 
Со потпишувањето на Диене, во составот на Шкупи сега има тројца играчи од Сенегал.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе