Академија Пандев се враќа со голем бод од Тетово, Шкендија не ја намали предноста на Струг Трим Лум иако имаше шанса да го направи тоа.
Дориев уште во деветата минута донесе водство на Шкендија, но Ѓорѓиевски во 69. минута израмни на 1-1, што беше и конечен резултат.
По блескавиот старт на сезоната, Струг Трим Лум врза пет натпревари без победа. Денеска одигра 1-1 на гостувањето кај Работнички.
Шарковски во 68. минута донесе водство за Работнички, четири минути подоцна Шабани погоди за 1-1.
Брегалница со 2-1 го совлада Тиквеш. Ѓокиќ и Кудев погодија за штипјани, Мишов реализираше за Тиквеш.
Македонија Ѓорче Петров со 3-1 славеше на гостувањето кај Победа. Абази, СКендери и Алексовски погодија за скопскиот тим, Ѓурковиќ реализираше за домаќините.
Вчера Скопје и Силекс одиграа 0-0. Ова коло Шкупи беше слободен.
ТАБЕЛА: Струга ТЛ 27, Шкендија 24, Силекс 23, Шкупи 23, Тиквеш 19, Брегалница 19, Македонија ЃП 16, Работнички 15, Победа 11, А. Пандев 9, Скопје 6.