Конференциска лига

Шкендија на пенали елиминирана од АИК

Шкендија го заврши настапот во Европа, „црвено-црните" од Тетово вечерва на пенали беа елиминирани од АИК.

Шкендија пропушти добра шанса да се избори за плеј-оф во Конференциската лига, вечерва во Скопје, одново одигра 1-1 против АИК, за потоа во драматична рунда на пенали да биде елиминирана.

„Црвено-црните“ од Тетови поведоа во 22. минута со голот на Хасани, кој погоди од белата точка за голема радост.

Гостите изедначија по десетина минути игра во второто полувреме, Ајари искористи една грешка на Захов и ја затресе мрежата на Шкендија за 1-1.

Со оглед на тоа дека и на првиот натпревар немаше победник, мечот отиде во продолженија, па на пенали.

Во пенал рулетот, гостите отворија со промашување на Ларсон, но Шкендија не ја искористи психлошката предност, Дита промаши цел гол, а обидот на Дориев беше одбранет. На крајот промаши и Хасани, па АИК се радуваше на пласман во следната рунда.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе