Конференциска лига квалификации

Шаќири: Заслуживме да победиме, пеналите се лотарија

Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири е горд на своите фудбалери и смета дека заслужиле да го победат АИК и на двата натпревари, но не победува секогаш подобриот.

Шкендија го заврши настапот во Европа откако загуби на пенали од АИК.

„Горд за сѐ што покажавме, а тоа е дека знаеме да играме фудбал, да бидеме рамноправни со сите. Иако заслуживме да бидеме победници на двата меча, не секогаш подобриот победува, а кога станува збор за пеналите, тоа е среќа и лотарија. Никогаш не си сигурен во голот и тоа нам ни се случи, испаднавме од Европа, но од утре ќе размислуваме за следните предизвици“, вели Шаќири.

„Градиме еден тим на долг рок, ќе има освежувања, ќе има и засилувања. Подготвуваме една Шкендија за подолги стази. Животот продолжува, Хасани е капитен, јасно е дека е разочаран...“

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе