Доби отказ поради слабите резултати

Шаќири веќе не е тренер на Шкендија

Вчерашното реми против Македонија Ѓорче Петров ја прели чашата кај раководството на Шкендија кое реши да се раздели со тренерот, Артим Шаќири. 

Лошиот старт на новата сезона во Првата македонска лига како и лошиот настап во Европа, се причината раководството на Шкендија да направи тренерска смена.
 
„Клубот и тренерот сметаат дека прекинот на меѓусебната соработка во моментов најдобро можно решение и за двете страни. ФК Шкендија му се заблагодарува на Артим Шаќири за придонесот во периодот додека го водеше тимот и му посакува многу успеси во иднина“, стои во соопштението на Шкендија.
 
Иако сезоната е на самиот почеток, во македонското првенство се сменети веќе тројца тренери, пред Шаќири отказ добија Седлоски од Шкупи и Стојчев од Академија Пандев.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе