Конференциска лига квалификации

Шаќири: АИК е фаворит, но ќе извадиме добар резултат

Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири верува дека неговиот тим може да се врати со позитивен резултат од Стокхолм и дека можат да го поминат АИК.

Утре со почеток од 19 часот Шкендија му гостува на АИК Стокхолм во натпревар од квалификациите од Конференциската лига. 

Шведскиот тим важи за фаворит, но Шаќири е уверен дека Шкендија со добар резултат ќе се врати од Стокхолм.

„АИК максимално го почитуваме, фаворит е на хартија, но на теренот се почитуваме само ние и дојдовме да одиграме квалитетно и по добар резултат. Ако одиграме како што ќе се договориме, ќе одиме во следната рунда, а јас сум оптимист дека ќе извадиме добар резултат“, вели Артим Шаќири.

„Нивно најопасно оружје е нападот, зашто не е лесно на Ворскла да ѝ дадете четири гола, а од друга страна одбраната им е 'потенка' и имаат слабости кои треба да ги искористиме. Имаме доволно информации, ги анализиравме“.

Дефанзивниот фудбалер на Шкендија, Меџит Незири вели дека утре ќе се обидат да дојдат до победата, но ќе бидат задоволни и со реми.

„Не чека тежок меч, АИК е добар тим, но ќе дадеме сѐ за добар резултат. Ќе одиме на победа, иако и со реми би биле задоволни и тоа би бил добар резултат за нас“, вели Незири.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе