Лига на шампиони

Шахтар по втор пат го победи Реал Мадрид, кралскиот клуб може да биде елиминиран (ВИДЕО)

Шахтар со 2-0 го победи Реал Мадрид, сега кралскиот клуб не си ја крои сам судбината, зависен е и од резултатите на другите натпревари, дури и победа во последното коло може да не биде доволна за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите. 

Реал Мадрид со победа уште вечерва ќе го завереше пласманот понатаму, но не само што не триумфираа, играчите на Зидан загубија од Шахтар со 2-0.
 
Реал Мадрид беше подобар во првото полувреме, имаа неколку добри шанси, еднаш ја погодија и стативата, но работите се променија во вториот дел.
 
Шахтар беше опасен од контра напади, имаа неколку такви шанси, а две искористија.
 
Во 57. минута Детињо погоди за водство од 1-0, а на осум минути пред крајот на мечо Соломон ги постави конечните 2-0.
 
Во последното коло Реал Мадрид ќе ја пречека екипата на Борусија Менхенгладбах, Кралевите сами ќе решаваат за својата судбина само доколку Интер не загуби вечерва во Германија.
 
Во другиот денешен меч кој се играше од 18:55 часот, Салцбург со 3-1 победи на гостувањето кај Локомотив Москва.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе