Лига Европа

Севиља ги казни грешките на Рома, Баер не се испоти против Ренџерс (ВИДЕО)

Севиља со 2-0 славеше против Рома и обезбеди четвртфинале во Лига Европа, Баер Леверкузен не се испоти против Ренџерс и со нов триумф од 1-0 го обезбеди настапот на Ф8 турнирот.

Познати нови два учесници на завршниот турнир од најмасовното европско натпреварување, пласман во четвртфинале обезбедија Севиља и Баер Леверкузен.

Севиља играше еден меч со Рома, ги казни грешките на „волчицата“ и со 2-0 славеше во Дуизбург.

Регилон се прошета низ одбраната на „волчицата“ и погоди за 1-0 во 22. минута од мечот, а кон финишот на првиот дел, следеше нов кикс во последната линија за Окампос да му асистира на Ен Несири за 2-0.

Рома немаше сили да се врати во продолжението од мечот, па Севиља ќе настапи на Ф8 турнирот.

Баер Леверкузен рутински закажа меч со Интер и не се испоти против Ренџерс на реваншот. „Фармацевтите“ со 1-3 славеа на првиот дуел, уште тогаш беше јасно кој оди понатаму, па избраниците на Џерард без многу мотив играа денеска.

Диаби на стартот од вториот дел го постигна единствениот гол на натпреварот, Баер имаше уште неколку шанси, а Ренџерс може да се пофали само со еден обид по прекин кој беше расчистен од гол линијата.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе