Имало искри по ремито во Виго

Сетиен влегол во „војна“ со Меси во соблекувалната: Ако не ти се допаѓа што кажувам, знаеш каде е вратата!

Медиумите од Каталонија пренесуваат за расправија помеѓу Лео Меси и поранешниот тренер Кике Сетиен, инцидентот се случил во соблекувалната на „Балаидос" по ремито од 2-2 против Селта Виго.

Изминатиов викенд, Кике Сетиен откри дека тешко е да се работи со Лео Меси, а медиумите од Кталонија сега пренесуваат за расправија помеѓу двајцата.

Новинарот Адрија Албетс од Сер Каталуња извести за инцидент кој се случил во соблекувалната на „Балаидос“ по ремито од 2-2 против Селта Виго, резултат кој му отвори врата на Реал Мадрид кон првото место на табелата и титула во Ла Лига.

Кике Сетиен ги критикувал играчите и објаснувал каде погрешиле, ова не му се допаднало на Лео Меси кој побарал од стратегот да покаже поголемо почитување со оглед на тоа дека тие фудбалери имаат освоено се и можат да се пофалат со многу поголем успех од него.

Па тренерот решил жестоко да врати и му порачал на Аргентинецот: „Ако не ти се допаѓа што кажувам, знаше каде е вратата!“.

Според Адрија Албетс, Лео Меси само се насмевнал на ваквото предупредување.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе