Реал не може да му понуди вакви услови

Серхио Рамос доби понуда од ПСЖ која тешко се одбива: Тригодишен договор вреден 45 милиони евра

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Серхио Рамос на маса има предлог од ПСЖ за тригодишен договор и нето плата од 15 милиони евра по сезона, Реал Мадрид не може да ја изедначи оваа понуда.

Серхио Рамос ги одработува последните шест месеци од договорот со Реал Мадрид, подолго време се водат преговори за продолжување на соработката, но двете страни не можат да постигнат согласност.

Последните информации велат дека дефанзивецот е се поблиску до заминување откако добил примамлив ппредлог од ПСЖ.

„Светците“ на маса ставиле тригодишен договор и нето плата од 15 милиони евра по сезона.

Реал Мадрид не може да ја изедначи оваа понуда, тие нудат 1+1 година и 10% намалување на сегашната плата, услови кои се неприфатливи за Серхио Рамос.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе