Лига на нации

Серафимов: Не сме фаворити против Бугарија, шансите се израмнети

Никола Серафимов се уште го чека своето деби за сениорската репрезентација на Македонија, тој вели дека е максимално подготвен и ја чека шансата. 

Македонија за десет дена треба да одигра четири меча во Лигата на нации, па се очекува Серафимов конечно да ги добие првите минути во А-селекцијата.
 
„Сите ние што малку сме играле или не сме добиле шанса, секогаш сме подготвени и спремни. Така било и така ќе биде, без оглед играле-не играле. На нас е само да сме максимално спремни и мотивирани и да ја искористиме шансата која ќе ни се укаже, на најдобар можен начин. Нѐ чекаат четири меча во краток период, што значи дека ќе бидат многу захтевни мечеви како физички, така и психички бидејќи сезоната заврши, но за нас тоа не треба да е проблем. Секој од нас ужива и очекува да го даде максимумот за Македонија“, вели Серафимов.
 
Тој смета дека Македонија не е фаворит против Бугарија, шансите се изедначени.
 
„Оваа наша група е максимално израмнета, зашто во денешно време сите играат фудбал, се случуваат чуда и секој против секого може да извади добар резултат. Ние сме најдобар доказ за тоа, пример дека сѐ е можно денеска, после тоа изненадување во Италија, бевме близу до СП. Не можам да кажам дека сме апсолутни фаворити со Бугарија, зашто мечот го играме на гости, така да шансите се еднакви – 50-50. Сепак, очекувам добра игра и наше добро издание против Бугарија, за да го отвориме овој циклус во Лига на нации. Бугарија е квалитетен противник, но ако одиграме како што знаеме и умееме ќе ги донесеме трите бода во Скопје“.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе