СП 2022

Сензација, Мароко ја исфрли Шпанија од Светското првенство (ВИДЕО)

Прво изненадување во осминафиналето, Марко на пенали ја елиминираше Шпанија и се пласираше меѓу осумте најдобри, немаше голови по 120 минути игра. 

Шпанија беше еден од главните фаворити за освојување на Светското првенство, но не успеа да го помине ниту осминафиналето, загуби од Мароко на кого му се даваа малку шанси за четвртфинале.
 
Шпанците имаа офанзива во текот на сите 120 минута, Мароко се бранеше далбоко со дисциплинирана и пожртвувана игра.
 
Интересно, Мароканците создадоа повеќе шанси од контра напади отколку Шпанците од позиционата игра која најчесто изгледаше безидејно. Тешко им беше да ја пробијат мароканската одбрана.
 
Во 123. минута Сарабија имаше голема шанса, ја погоди стативата од голот на Мароко. Можеби и беше во офсајд, но тоа нема да се дознае. По ова судијата отсвири крај и се изведуваа пенали.
 
Шпанија беше очајна од белата тошка, примаши три пенали од три шута. Сарабија, Солер и Бускетс не реализираа. Мароко шутна четирипати и даде три гола, погодија Сабири, Зијеш и Хакими, промаши Бенун.
 
Ова е тежок удар за Шпанија која веруваше дека има селекција за највисок дострел. Мароко во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Португалија и Швајцарија.
 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе