Стоеше кога се интонираше химната, но не бранеше

Селекторот на Мароко објасни зошто голманот Боно мистериозно исчезна пред дуелот со Белгија

Селекторот на Мароко, Валид Реграги објасни зошто Јасин Буну „Боно", на мистериозен начин исчезна пред дуелот со Белгија, голманот не се чувствувал добро откако добил удар против Хрватска.

Јасин Буну, кој е попознат како Боно, беше најавен во стартниот состав на Мароко против Белгија, голманот стоеше покрај соиграчите кога се интонираше химната, но кога „црвените ѓаволи“ по десетина минути игра го го упатија првиот шут кон голот, се забележа дека помеѓу стативите не е Боно, туку Монир „Мунир“ Ел Каџуи.

Сите беа зачудени откако не се појави информација за оваа доцна промена во составот. АС објави дека голманот имал проблеми со стомакот па се повлекол, додека БеИН Спортс пласираше информација дека на Боно му се вртело.

По крајот на натпреварот, селекторот на Мароко Валид Реграги објасни зошто Боно мистериозно исчезна.

„Доби удар против Хрватска, беше неизвесен, се обиде до последен момент да настапи, но по загревањето, непосредно пред да почне натпреварот, не се чувствуваше добро и беше доволно искрен да му го отстапи местото на некој друг. За да играте во мојот тим, морате да бидете 100% подготвени и Јасин го разбира тоа. Му го препушти местото на Мунир, кој имаше одлична партија денеска“ – рече Реграги.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе