Лига на нации

Селекторот Милевски го објави списокот за мечевите со Грузија и Бугарија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави списокот за престојните мечеви од Лигата на нации против Грузија и Бугарија. 

Пред македонската репрезентација се мечеви против Грузија на гостински терен на 23 септември, и Бугарија на 26 септември на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за овие два дуели. Дебитант е Агрон Елези од хрватскиот Вараждин.

Останатиот список е стандарден, ги нема Бобан Николов, Давид Бабунски и Кире Ристески кои се уште немаат клубови.

Во селекцијата се враќаат Љупчо Дориев од Шкендија и голманот Игор Алексовски од Работнички.

Голмани: 

Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);

Одбрана: 

Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифак, Саудиска Арабија), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Езѓан АЛИОСКИ (Фенербахче, Турција), Тодор ТОДОРОВСКИ (Сумгаит, Азербејџан), Стефан АШКОВСКИ (Ламиа, Грција), Никола СЕРАФИМОВ (МОЛ Види, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Ворскла, Украина), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев); 

Среден ред: 

Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Трабзонспор, Турција), Аријан АДЕМИ (Динамо Загреб, Хрватска), Енис ФАЗЛАГИЌ (Дунајска Стреда, Словачка), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Хрватска), Стефан СПИРОВСКИ (Пјуник, Ерменија); 

Напад: 

Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (Абердин, Шкотска), Дарко ЧУРЛИНОВ (Барнли, Англија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Дориан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија); 

Собирот на репрезентацијата е закажан за 19. септември, понеделник во 12 часот во хотелот Хилтон во Скопје.

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе