Тимот на Срѓан Захариевски, Струга Трим Лум ја продолжи перфектната серија, овојпат беа подобри и од тимот на Скопје со 3-0.
Малески погоди во првото полувреме, а во вториот дел голови дадоа и Ибраими и Шабани.
Гоце Седлоски се врати на клупата на Шкупи и тоа веднаш даде резултат. Чаирскиот тим славеше со 5-0 над Работнички.
Сите пет гола ги постигнаа различни стрелци, погодија Маргвалешвили, Цепас, Ѓорѓиев, Кевен и Алварез.
Враќањето на Васоски на клупата на Академија Пандев не помина победнички како во случајот со Шкупи. Струмичкиот тим со 2-1 загуби на гостувањето кај Тиквеш.
Хгоба и Ивановски дадоа голови за Тиквеш, Митровски од пенал погоди за Академија Пандев.
Победа со гол на Спиркоски во второто полувреме дојде до триумф над Брегалница со 1-0.
Вчера Силекс со истиот резултат победи на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.
Резултати:
Струга ТЛ - Скопје 3:0
Шкупи - Работнички 5:0
Тиквеш - Академија Пандев 2:1
Победа - Брегалница 1:0
Македонија ЃП - Силекс 0:1
Шкендија слободна.
Табела:
1. Струга ТЛ 21 (7)
2. Силекс 14 (7)
3. Шкендија 11 (6)
4. Шкупи 10 (6)
5. Брегалница 10 (6)
6. Тиквеш 10 (7)
7. Академија Пандев 7 (7)
8. Македонија ЃП 5 (6)
9. Победа 4 (6)
10. Работнички 4 (6)
11. Скопје 3 (6)
*во заграда е бројот на одиграни натпревари.