Конференциска лига квалификации

Седлоски: Ни фалеше искуство, вечерва загубивме во втората минута

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски за клучен момент на натпреварот со Балкани го издвои црвениот картон на Абдула заработен на самиот почеток од мечот. 

Шкупи вечерва со 1-0 беше поразен на гостувањето кај Балкани и со вкупни 3-1 е елиминиран од Европа.
 
На денешниот меч фудбалерот на Шкупи, Џелил Абдула во втората минута направи фаул како последен во одбраната и заработи црвен картон. Македонскиот шампион цел меч играше со фудбалер помалку.
 
„Честитки за Балкани за нивниот пласман во групите во Конференциската лига, им посакувам многу успех, а ние скапо ги плативме грешките кои противникот знаеше да ги искористи“, вели Седлоски.
 
„Вечерва загубивме во втората минута кога останавме со фудбалер помалку. Тешко се игра фудбал со десетмина, но ние игравме добро во поголем дел од мечот, но грешките од Скопје пресудија“.
 
„Имавме долг европски пат и треба да сме со кренати глави без оглед на сѐ. Нам ни фалеше искуство за вакви мечеви, зашто некои играчи првпат играа вакви средби“.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе