ЦР7 ги изненадува новите соиграчи со работната навика

„Се враќаме во 2 сабајле и Роналдо почнува да тренира... кој го прави тоа?“

Артур Мело вели дека сите добро ги знаат приказните за тоа колку работи Кристијано Роналдо, но сосема друго е кога од блиску ќе видите што прави Португалецот.

Бразилецот во летниот преоден рок се пресели во Јувентус, па стана еден од ретките кои имал прилика да дели соблекувална со Кристијано Роналдо, Лео Меси и Нејмар. 

Запрашан да издвои една работа за овие тројца фудбалери, тој вели: „Нивниот менталитет“. 

„Секако, прва работа е талентот, сите знаат дека Роналдо, Меси и Нејмар се талентирани, веројатно траојцата најталентирани со кои сум играл. Но овие тројца во своите глави имаат неверојатен победнички менталитет. Си поставуваат цел, работат напорно, веруваат дека можат и го оставаат срцето на терен за да ја остварат целта. Не се задоволуваат со малку, секогаш сакаат повеќе. Постигнуваат гол, сакаат уште еден. Даваат два гола, сакаат и трет. Ќе забележат хет-трик, сакаат да постигнат четири.. Импресионирам сум како нивото и концентрацијата не им паѓа“. 

Запрашан што го изненадува кај Кристијано Роналдо, тој додава: „Начинот на кој работи. Веќе знаев бидејќи луѓето постојано зборуваат, севетот на фудбалот е мал и слушате приказни. Но кога од блиску ќе видите што прави, тое е импресивно. Има денови кога ќе се вратиме во 2 сабајле бидејќи играме доцна и тој почнува да транира. Кој го прави тоа? Кристијано. Некогаш на шега знам да му кажам дека е болен, но што да му кажете или замерите на фудбалер кој има освоено толку многу „Златни топки““. 

„Кристијано е спектакуларно момче. По преселбата во Јувентус, Роналдо ми помогна многу бидејќи зборуваме ист јазик. Дискутира со мене за работи кои не ги разбирам, ми кажува што да јадам или што да не јадам, што е добро за мене и сл. Се грижи за другите, секогаш се обидува да помогне“.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе