Кратко потоа се појави и Сер Алекс Фергусон

Се решава иднината на Роналдо: ЦР7 заедно со Мендеш пристигна во тренинг центарот на Јунајтед (ФОТО)

Кристијано Роналдо попладнево пристигна во тренинг центарот на Манчестер јунајтед, напаѓачот е во придружба на својот агент Жорж Мендеш, кратко потоа се појави и Сер Алекс Фергусон.

Очигледно денеска ќе се решава иднината на Кристијано Роналдо, Португалецот попладнево во придружба на својот агент Жорж Мендеш пристигна во тренинг центарот на Манчестер јунајтед.

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, ќе биде одржана средба со Ерик тен Хаг, а медиумите од Англија не ја исклучуваатн можноста на состанокот да биде присутен и Сер Алекс Фергусон, легендарниот Шкот се појавил во тренинг центарот кратко по пристигнувањето на ЦР7.

Фабрицио Романо додава дека Кристијано Роналдо уште еднаш ќе изрази желба дека сака да замине од Олд Трафорд а Манчестер јунајтед ќе го потврди ставот дека напаѓачот не е на продажба.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе