Четири новитети

Се менуваат правилата за „Златната топка“, кој ќе биде фаворит за оваа престижна награда?

Франс Фудбал соопшти дека се менуваат правилата за „Златната топка", идејата е да се донесе поголема конзистентност и јасност при доделувањето на престижната индивидуална награда.

Франс Фудбал од 1956 година го избира најдобриот фудбалер во годината и „Златната топка“ важи за една од најпрестижните индивидуални награди во светот на фудбалот. Сепак, во последно време има многу критики, особено по последниот избор, кога Лео Меси се најде на првото место пред Роберт Левандовски.

За да има поголема конзистентност и јасност при доделувањето на наградата во иднина, Франс Фудбал реши да направи четири измени на правилата.

Како прво, повеќе нема да се гледаат перформансите во една календарска година (од јануари до декември), туку перформансите во една сезона (од август до јули). Тоа значи дека за „Златната топка“ во 2022 ќе се земат во предвид перформансите на фудбалерите до крајот на месец јули, па настапите на Светското првенство во Катар ќе се земат во предвид за изданието во 2023 година.

Како второ, листата со 30 фудбалери кои ќе конкуриаат за „Златната топка“ ќе се одредува не само од уредниците на Франс Фудбал (и Л’екип), туку и од неколку фудбалски и новинарски имиња.

Како трето, ќе се намали бројот на гласачи, па во изборот ќе учествуваат претставници само на земjи кои се во топ 100 на ФИФА ранкингот, наместо досегашните 170 земји.

Како четврто, со оглед на тоа дека „Златната топка“ е индивидуална награда, во иднина, критериум број 1 ќе бидат индивидуалните перформанси и колку еден фудбалер бил одлучувачки и импресионирал со своите партии. Критериум број 2 ќе бидат колективниот успех, а како критериум број 3 ќе биде фер-плеј однесувањето на фудбалерите.

Со тоа што мундијалот во Катар нема да биде земен во предвид за „Златната топка“ во 2022 година, може да се каже дека Роберт Левандовски и Мо Салах сега се издвојуваат како главни фаворити.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе