Средствата се потребни за да ги покрие третманите за дијагностицирање на болеста и трошоците за престој. Музичкиот настан со хуманитарен карактер се изведе под мотото „За сите деца да има сонце“ и е во организација на осумте основни училишта Општината.
На концертот настапија над 20 учесници меѓу кои Драган Мијалковски, Тамара Тодевска, Кристина Арнаудова, Бојана Скендеровски, Џокси, Јанг Дади, ученици од хоровите од основните училишта, Златните славејчиња и други.
Mеѓу учесниците имаше и родители на ученици од центарските училишта познати во естрадниот свет.
На просторот имаше и добротворен базар, беа поставени и кутии за донации и сите на настанот изразија надеж дека собраните средства ќе помогнат за покривање на дел од трошоците и дека Кара ќе го продолжи образованието меѓу своите другарчиња од Песталоци.