ПЕТОЛИГАШОТ ОБЈАСНИ ШТО ГО ЧЕКА ГОЛЕМИОТ АРСЕНАЛ

Сатон без специјален третман за Арсенал, ѕвездите на „Топчиите“ ќе се тушираат со ладна вода

Петолигашот Сатон размислувал набрзина да „подзакрпи“ некоја дупка за ѕвездите на Арсенал да се чуствуваат малку покомотно, но одлучиле да нема специјален третман за „Топчиите"

Во понеделник Арсенал гостува во јужен Лондон кај малиот Сатон во ФА Купот.

Петолигашот од Англија се соочува со многу проблеми и работи во тешки услови, а паричната награда од досегашниот настап во ФА Купот и тоа како ќе им помогне да средат доста работи.

Сепак, реновирањето ќе започне по дуелот со Арсенал, „Топчиите“ нема да добијат никаков специјален третман.

Околу две секунди размислувавме да ставиме нови тушеви!” – вели менаџерот на Сатон, Пол Досвел.

„Но потоа си рековме, не сме го сториле тоа за никого претходно па нема да го сториме ниту сега”.

„Не се правиме паметни, едноставно не можеме да си го дозволиме тоа”.

Ѕвездите на Арсенал ќе се тушираат со ладна вода, но барем во соблекувалната ќе им биде топло и тоа само поради тоа што радиаторите не можат да се исклучат.

„Еден играч ми кажа дека во соблекувалната било претопло кога играле против нас. Му одговорив дека тоа е така бидејќи се расипа вентилот и не можеме да го исклучиме радијаторот”.

„Бојлерот е пред распаѓање па ќе се тушираат со ладна вода, во најдобар случај со млака”.

„Нема ниту омекнувач за вода, па водата се мачи да излезе од дупките во глвата на тушот”.

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе

Спортските објекти што се изградени со буџетски пари не смеат да бидат извор за заработувачка што ќе заврши во приватни џебови, ниту пак инструмент за манипулација на граѓаните и ширење на клиентелизмот.

повеќе