Серија А

Сасуоло го победи Милан на Сан Сиро, голем кикс на росонерите (ВИДЕО)

Сасуоло направи големо изненадување откако го совлада Милан на Сан Сиро со 3-1, росонерите при крајот останаа и без Ромањоли кој заработи црвен картон. 

Втор пораз по ред на Милан во Серија А, овојпат на свој терен од Сасуоло, тимот кој го совлада и Јувентус оваа сезона.
 
А натпреварот почна одлично за Милан, во 21. минута по асистенција на Тео Ернандез, Ромањоли постигна гол за водство од 1-0.
 
Но само три минути подоцна Скамака постигна супер гол од далечина за израмнување на 1-1.
 
Веќе во 33. минута следуваше комплетен пресврт, по една мешаница Сасуоло поведе со 2-1, Кјаер последен ја допре топката, па погодокот беше запишан како автогол.
 
Во 66. минута Берарди ги постави конечните 3-1 за Сасуоло.
 
Во 77. минута Ромањоли направи намерен фаул како слободен играч, па судијата немаше дилеми, му покажа директен црвен картон.
 
По овој пораз Милан има само еден бод повеќе од Интер кој е на третото место. Наполи вечерва го игра својот меч од ова коло, го пречекува Лацио.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе