ФК Вардар

Самсоненко останува во Вардар, работите ќе се средуваат

На денешниот состанок со фудбалерите на Вардар, Сергеј Самсоненко им ветил дека ќе остане во клубот а долговите ќе почнат да се исплаќаат. 

За време на подготовките во Анталија фудбалерите на Вардар добија непријатна вест, Самсоненко имаше најавено заминување, а можеа да почнат да си бараат нови клубови.
 
Но откако играчите се вратија од Анталија дувнаа позитивни ветришта, Самсоненко сепак не заминува.
 
Рускиот газда денеска имал состанок со фудбалерите на кој им кажал дека ќе остане во клубот.
 
Самсоненко изразил надеж дека во скоро време ќе ги подмири и долговите кои ги има кон фудбалерите.
 
Тоа и мора да го направи, во спротивно ризикува Вардар да заработи нова казна од УЕФА и повторно да не може да настапи во Европа.
 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе