Не ја отфрла можноста да заигра за Реал или Барса

Салах: Кога бев мал не ни помислував дека ќе стигнам таму каде што сум денес, но бев посветен и одев чекор по чекор

Во интервју за „АС“ ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах зборува и за своите почетоци, вели дека кога бил во Египет сонувал само да игра во Европа, а потоа постепено патот го носел до тоа што е денес.

Салах стана најдобриот фудбалер во историјата на Египет, ја освои Лигата на шампионите, Премиерлигата... тој вели дека како мал не ни можел да сонува за тоа што го постигнал, но секогаш си поставувал цели.

„Никогаш не сум очекувал да бидам тука каде што сега сум. Тешко е да очекуваш нешто вакво кога си млад. Одев чекор по чекор. Кога бев во Египет тренирав само за да играм во Европа. Потоа отидов во Базел и реков не, сакам да одам во поголем клуб. Базел е добар клуб, но сакав да бидам во поголем клуб. Секогаш одев чекор по чекор. Кога играв за Базел сакав да бидам најдобар играч во нивната историја. Правите еден чекор, потоа одите на друг“, вели Салах.

Треба да жртвувате многу работи и да му го посветите целиот живот на фудбалот за да успеете. Многу е тешко бидејќи го жртвувате вашиот живот за фудбалот. И промената на менталитетот е една од потешките работи. Тоа ме чинеше енергија и време. На почетокот е тешко, но потоа се навикнувате“.

„Ако не бев фудбалер не би знаел да кажам што би бил. Играм фудбал од 10-11 години. Целиот мој живот е посветен на тоа да бидам фудбалер. Навистина не би знаел што би бил ако не сум ова што сум. Дури не сум ни помислил на такво нешто“.

Салах е свесен дека неговиот успех на фудбалската сцена е мотивација за многу деца во Египет.

„Да, јас сакав да бидам фудбалер кога бев млад. Го сакав тоа многу. Сега луѓето гледаат дека некој од нив, некој од Египет успеал да стане познат, да го достигне тоа ниво. Знам дека сега многу татковци во Египет сакаат нивните синови да бидат фудбалери. Но јас би рекол дека не треба да се гледа така само кон фудбалот, има многу други работи во кои луѓето можат да бидат добри, пример доктор или било што друго, секогаш можете да бидете на повисоко ниво“.

Во минатото Салах се поврзуваше со големите шпански клубови, тој иако вели дека некогаш би можел да заигра за нив, комплетно е фокусиран на Ливерпул.

„Мислам дека Реал Мадрид и Барселона се два големи клуба, којзнае што ќе се случи во иднина, но сега сум фокусиран на освојување на Премиерлигата и Лигата на шампионите со Ливерпул повторно“, вели Салах.

„Тешко е да се каже до кога би играл во Ливерпул, но можам да кажам дека се е во рацете на клубот. Се разбира дека сакам да рушам рекорди тука, но ќе повторам, се зависи од клубот“.


Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе