Интересни сцени во последните мигови од мечот Милан-Аталанта

Сакаше да го провоцира Ибра па си го доби: Имам повеќе голови отколку што ти имаш одиграно натпревари!

Златан Ибрахимовиќ и Дуван Запата си разменија провокации во финишот од мечот помеѓу Милан и Аталанта, Колумбиецот замери за бројот на пенали кои ги имаат добиено „росонерите" оваа сезона а Швеѓанецот му одговори во свој стил.

Аталанта синоќа го надигра Милан на Сан Сиро и си замина со победа од 0-3 и три бода. Во финишот од мечот, домаќините бараа пенал, а додека судијата вршеше „тивка“ проверка со ВАР, Златан Ибрахимовиќ и Дуван Запата си разменија провокации. 

Колумбиецот замери за бројот на пенали кои ги имаат добиено „росонерите“ оваа сезона и му дофрли на Ибра: „Не можете натпревар без пенал. Го сакаш пеналот број 13?“ 

Швеѓанецот не остана покус и во свој стил му одговори: „Што зборуваш? Имам постигнато повеќе голови отколку ти што имаше одиграно натпревари“. 

Златан Ибрахимовиќ навистина има повеќе погодоци (498) отколку Дуван Запата одиграни натпревари (371).

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе