Изминатиов викенд беше хоспитализиран поради коронавирус

Рушту Реџбер во критична состојба, легендарниот голман се бори за својот живот

Медиумите од Турција пренесуваат дека здравствената состојба на Рушту Реџбер нагло се влошила, легендарниот голман се бори за својот живот.

Поранешниот чувар на мрежата на Фенербахче, Барселона и Бешикташ, изминатиов викенд беше хоспитализиран со симптоми на коронавирус и тестовите покажаа дека е позитивен на Ковид 19.

Според пишувањата на медиумите од Турција, здравствената состојба на Рушти Реџбер нагло се вложила и легендарниот голман се бори за својот живот.

Исто така, прстот веднаш беше вперен кон неговата сопруга Ишил Реџбер, која наводно го заразила. Таа неодамна се вратила од САД и не ги почитувала мерките за карантин, наместо да седи дома, била во посета на салон за убавина и со тоа го загрозила и здравјето на други луѓе.

Сепак, Ишил Реџбер ги демантираше ваквите обвинувања, изјави дека се вратила од САД пред три недели, и дека била во изолација, излегла само еднаш за да оди до болница, а исто така седела и во одвоена соба од Рушту Реџбер.

„Не ме интересира што пишуваа, најважно ми е сопругот да ми се врати дома здрав и жив. Во петокот, тој се пожали дека го болат мускулите и главата. Во саботата крена температура и почна да кашла. Се загрижив па веднаш го однесов во болница. Веднаш доби третман, но не сум го видела, нема пристап до спратот каде лежат пациентите. Не е дозволено ниту да се разговара преку телефон. Докторите ми рекоа дека првите 72 часа се многу критични“ – вели Ишил Реџбер, кој додава дека таа, нејзината ќерка и нејзиниот син биле тестирани и тестовите биле негативни.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе