АНГЛИЧАНЕЦОТ ГО ПЕЦНА БРАЗИЛЕЦОТ ЗА ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ

Роналдо шокиран од навредливата шега на Овен

Легендата на Бразил, Роналдо е разочаран од коментарите на неговиот поранешен соиграч Мајкл Овен, кој реши на социјалните мрежи да ја исмее прекумерната тежина на „Феноменот“.

На Роналдо не му се допадна шегата на Мајкл Овен за неговиот физички изглед.

Пред дуелот со Гранада на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид имаше мала церемонија по повод новата „Златна топка“, која ја освои Кристијано Роналдо.

На стадионот беа присутни неколку поранешни играчи како Луис Фиго, Роналдо и Мајкл Овен.

По средбата, Англичанецот се огласи на социјалните мрежи и упати навредлива шега на сметка на Роналдо.

„Мислев дека сум качил некој килограм повеќе сè додека не го видов мојот стар пријател Рони“, напиша Мајкл Овен на Твитер.

Но „Феноменот“ е разочаран од ваквите коментари и вели дека е шокиран што на луѓето толку им е интересена неговата прекумерна тежина.

„Шокиран сум што мојата дебелина привлекува толку многу внимание. Искрено, не знам зошто на моите вишок килограми им се придава толкава важност“, вели Роналдо.

„Не сум разговарал со Овен по она што тој го напиша на социјалните мрежи”.

Во одбрана на Роналдо се огласи и неговиот сонародник, Роберто Карлос, кој рече: „Не ми се допаѓаат овие шеги бидејќи Роналдо ми е добар пријател и треба да бидеме повнимателни.“

„Работата кај Роналдо не е во неговото тело, туку во неговото срце, тој има многу големо срце.“

Ова е животната улога по која ќе го паметам Владо остатокот од животот: командант без муда, застанат на чело на армија од кукавици! Некогаш големиот актер од МНТ одработува за бившиот статист од Драмски театар, ништожни страшливци и едниот и другиот, мажи без муда што праќаат силеџии да тепаат во нивно име

повеќе

Спротивно на изјавите во медиумите на Груевски, Тодоров и Вељаноски, Деловникот на Собранието НЕ е прекршен.

повеќе

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

повеќе