АНГЛИЧАНЕЦОТ ГО ПЕЦНА БРАЗИЛЕЦОТ ЗА ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ

Роналдо шокиран од навредливата шега на Овен

Легендата на Бразил, Роналдо е разочаран од коментарите на неговиот поранешен соиграч Мајкл Овен, кој реши на социјалните мрежи да ја исмее прекумерната тежина на „Феноменот“.

На Роналдо не му се допадна шегата на Мајкл Овен за неговиот физички изглед.

Пред дуелот со Гранада на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид имаше мала церемонија по повод новата „Златна топка“, која ја освои Кристијано Роналдо.

На стадионот беа присутни неколку поранешни играчи како Луис Фиго, Роналдо и Мајкл Овен.

По средбата, Англичанецот се огласи на социјалните мрежи и упати навредлива шега на сметка на Роналдо.

„Мислев дека сум качил некој килограм повеќе сè додека не го видов мојот стар пријател Рони“, напиша Мајкл Овен на Твитер.

Но „Феноменот“ е разочаран од ваквите коментари и вели дека е шокиран што на луѓето толку им е интересена неговата прекумерна тежина.

„Шокиран сум што мојата дебелина привлекува толку многу внимание. Искрено, не знам зошто на моите вишок килограми им се придава толкава важност“, вели Роналдо.

„Не сум разговарал со Овен по она што тој го напиша на социјалните мрежи”.

Во одбрана на Роналдо се огласи и неговиот сонародник, Роберто Карлос, кој рече: „Не ми се допаѓаат овие шеги бидејќи Роналдо ми е добар пријател и треба да бидеме повнимателни.“

„Работата кај Роналдо не е во неговото тело, туку во неговото срце, тој има многу големо срце.“

Декемврискиот извештај на Мeѓународната кризна група и платформата на трите партии на македонските Албанци.

повеќе

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе