Откако дознал дека ќе биде на клупата против Швајцарија

Роналдо се заканувал дека ќе го напушти Светското првенство

Португалскиот медиум „Рекорд“ открива дека во расправија со селекторот Фернандо Сантош, Роналдо во еден миг се заканил дека ќе го напушти Мундијалот, но потоа си „легнал на брашното“. 

Незадоволството на Роналдо започна на мечот од групната фаза меѓу Португалија и Јужна Кореја кога Сантош реши да го извади ЦР7 во 65. минута од натпреварот.
 
Роналдо реагирал бурно сметајќи дека предвреме е изваден од игра. Таквиот негов однос не му се допаднал на селекторот Фернандо Сантош кој потоа донесе уште потешка одлука за Кристијано.
 
Ситуацијата кулминирала кога Фернандо Сантош му соопштил на Роналдо дека нема да биде стартер на дуелот против Швајцарија. Тогаш двајцата влегле во жестока расправија, а Роналдо се заканил дека ќе го напушти Светското првенство.
 
„Рекорд“ пишува дека Роналдо брзо потоа сфатил дека евентуалното заминување може само да му наштети бидејќи важноста на Светското првенство е огромна и се смирил.
 
Но, синоќа се појави и информацијата дека Роналдо одбил да тренира со резервите од мечот против Швајцарија. Наместо тоа одработел тренинг во теретана заедно со стартерите кои поради напорот на мечот имале полесен тренинг.
 
Португалија без Роналдо како стартер одигра импресивен меч против Швајцарија, Рамош кој играше на неговото место постигна хет-трик, па се очекува тој да го почне дуелот и против Мароко.
 
Роналдо со своето детско однесување ја губи поддршката од португалските навивачи кои пред мечот со Швајцарија дури со 70 проценти на гласови бараа тој да не биде стартер. Тој процент сигурно е уште поголем по шоуто кое го приредија Португалците без можеби најдобриот фудбалер во историјата.
 
Поддршка на Роналдо останаа да му даваат само неговата сопруга и неговата сестра кои традиционално преку социјалните мрежи се јавуваат кога фудбалерот има некоја мака.
 
 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе