Шампионот на Франција го одбил напаѓачот

Роналдо се понудил на ПСЖ, „светците“ во моментов немаат место во тимот за ЦР7

Агентот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш го понудил ЦР7 на ПСЖ но „светците" го одбиле со образложение дека во моментов немаат место во тимот за Португалецот.

Лео Меси и Кристијано Роналдо во ист тим е сонот на многу фудбалски фанови, но ПСЖ нема да направи ваков тандем, барем не во моментов.

Ле Паризиен открива дека изминативе денови, Жорж Мендеш разговорал со „светците“ и им го понудил Кристијано Роналдо.

ПСЖ сепак го одбил, шампионот на Франција објаснил дека во моментов нема место во тимот за Португалецот.

Останува да се види дали нешто може да се случи до крајот на летниот преоден рок, се верува дека Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер јунајтед и да се пресели во клуб во кој ќе може да игра во Лигата на шампиони и да атакува на титули.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе