ЦР7 незаодоволен од настапот на трансфер пазарот

Роналдо се подзамислил по трансферите на Халанд и Дарвин, би можел да си замине од Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо полека размислува за заминување од Олд Трафорд поради тоа што ривалите на Манчестер јунајтед се засилуваат а „ѓаволите" се прилично пасивни на трансфер пазарот.

Португалецот минатото лето направи спектакуларен кам-бек на Олд Трафорд, на индивидуално ниво имаше солидна сезона, но на тимско прилично разочарувачка. Манчестер јунајтед не избори пласман во Лигата на шампиони и сезоната ја заврши со дури 35 бода помалку од шампионот и лут градски ривал, Манчестер Сити.

Ерик тен Хаг ова лето пристигна по кошмарот со Ралф Рангник, се најавува нов проект, но Кристијано Роналдо има многу прашалници и размислува за заминување.

ЦР7 е загрижен од случувањата во моментов, односно тоа што ривалите прилично добро се засилуваат, Манчестер Сити го донесе Ерлинг Халанд и мерка уште неколку квалитетни играчи а Ливерпул го купи Дарвин Нуњез помеѓу другите, додека пак „ѓаволите“ се прилично пасивни и не донесоа ниту едно ново име.

Кристијано Роналдо бара засилувања и тим со кој ќе може да се бори за титули, па следниот месец-два, ќе покажат дали раководството ќе успее да склопи состав за високи дострели.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе