Бразилецот раскажа интересна приказна

Роналдо се чудел зошто Марадона носи два часовника, откри што му кажал Аргентинецот

Луис Назарио де Лима Роналдо раскажа за една негова средба со Диего Армандо Марадона во Мадрид и зошто легендата на Аргентина носел два часовника, биле подарок од неговата ќерка.

Диего Армандо Марадона речиси секогаш носеше два часовника а медиумите пишуваа дека на едната рака носи часовник кој го покажува локалното време, додека на другата рака часовник кој го покажува времето во Аргентина, како би се чувствувал поблиску со своите најмили.

Луис Назарио де Лима Роналдо сега раскажа за една негова средба со Диего Армандо Марадона, во очи веднаш му паднале двата часовника, па побарал објаснување.

„Кога еднаш дојде да ме посети во Мадрид и да гледа натпревар, излеговме на вечер. Диего носеше два часовника и легендата говореше дека секогаш е така. Го прашав зошто носи два часовника и ми кажа дека се подарок од ќерката, па затоа никогаш не ги вади. На крајот од вечерта, извади еден часовник и ми го подари. Не сакав да го прифатам подарокот, но се налути многу, па морав да кажам ДА. Ќе го чувам како спомен целиот живот. Ова беше гест на неговата дарежливост и пријателство“ – вели Роналдо.

Бразилецот исто така смета дека луѓето не треба да се занимаваат со приватниот живот на Диего Марадона и да се фокусираат само на неговите фудбалски постигнувања.

„Диего беше спектакуларен, среќен и весел човек. Ни остави огромно фудбалско наследство. Не напушти неверојатна фудбалска легенда. Бев изненаден од вестите за неговата смрт, бев многу тажен“.

„Ги промени животите на многу луѓе, цел живот ќе му бидам благодарен за инспирацијата која ми ја даде“.

„Никој не треба да го интересира неговиот приватен живот, ми се допаѓа тоа што во Аргентина главен фокус е тоа што Диего направи за нашите животи. Имаше големо влијание и врз мојот“.

Роналдо потоа откри дека разговарал со Диего пред три месеци, се распрашувал за играч од Гимназија.

„Го прашував за еден негов играч, фудбалер од средниот ред. Ми кажа прекрасни работа. Му објаснив и за тоа што сакам да направам во Ваљадолид. Секогаш сакаше да помогне“.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе