„Кориере дела Сера“ тврди

Роналдо сам одлучува на кој меч да игра, на кој не?

Дел од италијанските медиуми пишуваат дека Кристијано Роналдо сам одлучува кои натпревари ќе ги пропушти а на кои ќе игра за Јувентус. 

„Кориере дела Сера“ излезе со сериозни обвинувања за португалската ѕвезда на Јувентус, го посочи како дел од проблематичните фудбалери на тимот бидејќи сам решава кога ќе игра.
 
Роналдо доби одмор за мечот со Беневенто, а се верува дека ќе биде стартер на дуелот со Динамо Киев и покрај тоа што Јувентус веќе го обезбеди пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите.
 
На Јувентус во моментов му се поважни победите во Серија А, но Роналдо одлучил да не игра против Беневенто, а да игра во Лигата на шампионите каде постојано брка рекорди.
 
Јувентус не може без Кристијано Роналдо, имаа друри три кикса против послаби екипи без Португалецот.
 
„Кориере дела Сера“ тврди и дека Андреа Пирло има проблем со комуникацијата во соблекувалната на Јувентус, работите во моментов не изгледаат најдобро за италијанскиот шампион.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе