Напаѓачот своите амбиции ги стави пред се останато

Роналдо пред почетокот на мундијалот се колнеше во своите деца, но не му требаше многу да го погази зборот

Кристијано Роналдо пред почетокот на Светското првенство во Катар се заколна во децата и рече дека веднаш ќе потпише за триумф на Португалија на мундијалот без тој да даде гол, но синоќешниот натпревар против Уругвај покажа нешто сосема дурго.

Кога Кристијано Роналдо се појави пред новинарите на неколку дена пред почетокот на мундијалот доби прашање за рекордите, односно можноста да го надмине Еузебио како најдобар стрелец на Португалија на Светските првенства.

Напаѓачот тогаш рече дека ова не му е приоритет, дека фокусот е Португалија да има добар настап, па дури и се закалона во своите деца, и објасни дека нема ништо против тој да не постигне гол, а неговата репрезентација да стане шампион.

„Ако ми кажат дека Португалија ќе го освои Светското првенство без јас да дадам гол, ќе потпишам веднаш, се колнам во своите деца“ – рече Роналдо.

Но не помина многу за ЦР7 да го погази дадениот збор, откако на синоќешниот дуел против Уругвај, Кристијано Роналдо повторно своите амбиции ги стави пред се останато.

Водечкиот гол на Португалија, Кристијано Роналдо тргна да го слави како свој, иако од повторените снимки тешко можеше да се забележи дали напаѓачот беше тој кој последен играше со топката.

Кога ФИФА го промени името на стрелецот, Крстијано Роналдо почна да прави гестови и да изразува незадоволство, а не престана и со реакциите по последниот свиреж, кога го убедуваше судијата дека ја допрел топката со глава.

Се најавуваше и жалба до ФИФА, реагираше и Адидас, кој го објави мониторингот од чипот во топката, па сето ова беше топ тема во светот на фудбалот, а победата на Португалија и пласманот во осминафинале како да остана во втор план.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе