ЦР7 ги загуби нервите по крајот на натпреварот

Роналдо од земја лупна телефон на навивач на Евертон, па се извини и го покани на гости (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо направи инцидент на „Гудисон", по крајот на мечот од земја лупна телефон на навивач на Евертон, ЦР7 подоцна се извини и го покани лицето да гледа натпревар на „Олд Трафорд".

„Ѓаволите“ имаа уште еден фрустрирачки натпревар, загубија со 1-0 на гостувањето кај Евертон, кој прилично се мачи со формата и се бори за опстанок.

По крајот на натпреварот, Кристијано Роналдо беше обвинет дека на патот кон соблекувалната, од земја лупнал телефон на навивач на Евертон.

На социјалните мрежи се појави и видео од инцидентот, на кратка снимка, ЦР7 се наведнува и се слуша кршење и пцовка од трибината.

Манчестер јунајтед отвори истрага, а ЦР7 се огласи на социјалните мрежи за да се извини и да го покани на гости навивачот на Евертон.

„Не е лесно да се справите со емоциите во тешки моменти како овие низ кои поминуваме. Без разлика на се, секогаш треба да покажеме почитување, трепение и да бидеме пример за младите кои го обожаваат фудбалот“ - напиша Роналдо на Инстаграм.

„Сакам да се извинам за моето однесување, ако е можно, сакам да го поканам навивачот да гледа натпревар на Олд Трафорд како знак на фер-плеј и спортски дух“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе