„Ѓаволите“ имаа уште еден фрустрирачки натпревар, загубија со 1-0 на гостувањето кај Евертон, кој прилично се мачи со формата и се бори за опстанок.
По крајот на натпреварот, Кристијано Роналдо беше обвинет дека на патот кон соблекувалната, од земја лупнал телефон на навивач на Евертон.
На социјалните мрежи се појави и видео од инцидентот, на кратка снимка, ЦР7 се наведнува и се слуша кршење и пцовка од трибината.
Cristiano Ronaldo smashed someone's phone after losing to Everton, according to fans at the ground 😳
— ESPN FC (@ESPNFC) April 9, 2022
(via @evertonhub) pic.twitter.com/a20z4Sg20F
Манчестер јунајтед отвори истрага, а ЦР7 се огласи на социјалните мрежи за да се извини и да го покани на гости навивачот на Евертон.
„Не е лесно да се справите со емоциите во тешки моменти како овие низ кои поминуваме. Без разлика на се, секогаш треба да покажеме почитување, трепение и да бидеме пример за младите кои го обожаваат фудбалот“ - напиша Роналдо на Инстаграм.
„Сакам да се извинам за моето однесување, ако е можно, сакам да го поканам навивачот да гледа натпревар на Олд Трафорд како знак на фер-плеј и спортски дух“.