Го известил клубот

Роналдо нема да се појави на денешниот тренинг на Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо ќе го пропушти денешниот прв тренинг на Манчестер јунајтед од новата сезона, официјално поради семејни причини. 

Роналдо го известил Манчестер јунајтед дека поради семејни причини нема да биде дел од денешниот прв тренинг на тимот.
 
Клубот го прифатил неговото објаснување.
 
Во Манчестер јунајтед се свесни за незадоволството на Кристијано Роналдо од амбициите на клубот. Тој побара да замине, а тие инсистираат дека не е за продажба и дека е дел од проектот за следната сезона.
 
Во меѓувреме агентот на Роналдо, Жорж Мендеш му бара нов клуб на Португалецот.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе