Португалецот никако да почне да се подготвува

Роналдо нема да патува на подготовките во Бангкок со Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо нема да патува со остатокот од експедицијата на Манчестер јунајтед на подготовките во Бангкок, со што предизвика дополнителни шпекулации дека не сака да остане на Олд Трафорд. 

Кристијано Роналдо се уште не се појавил на тренинг на Манчестер јунајтед откако тимот ги почна подготовките за новата сезона. Изговорот е дека тоа е поради семејни причини.
 
Но, последните информации од Англија велат дека тој нема да патува ниту во Тајланд заедно со останатите играчи на Манчестер јунајтед кои треба тргнат утре.
 
Официјалната информација од клубот е дека на Роналдо му е дадено дополнително време за да се справи со семејните проблеми.
 
Но речиси никој не верува во таквите тврдења бидејќи Роналдо не важи за фудбалер кој лесно пропушта тренинзи, обично Португалецот прв доаѓа и прв си заминува.
 
Неговото однесување ги подгрева гласините дека тој бара од клубот да биде продаден и затоа не сака да тренира. Сака да го напушти Манчестер јунајтед бидејќи тимот не покажува амбиции какви што тој сака.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе