Португалецот бара поголема почит

Роналдо не се појави во Париз па „удри“ по Франс Фудбал: Срамно е да се лаже на таков начин

Кристијано Роналдо нема да биде дел од церемонијата во Париз и изборот на Франс Фудбал за најдобар фудбалер, ЦР7 со пост на социјалните мрежи го искажа незадоволство од однесувањето на главниот уредник на магазинот, Паскал Фере.

Пред неколку дена, Паскал Фере откри дека Кристијано Роналдо има само една амбиција, да ја заврши кариерата со повеќе „Златни топки“ од Лео Меси. Ваквите зборови силно го погодија ЦР7, кој вечерва жестоко реагираше на социјалните мрежи.

Непосредно пред почетокот на церемнијата во Париз на која ќе се додели „Златната топка“, Кристијано Роналдо напиша: „Сега е јасно зошто Паскал Фере минатата недела даде таква изјава, дека сум му се доверил и сум му кажал дека мојата единствена амбиција е да ја завршам кариерата со повеќе „Златни топки“ од Лео Меси“.

„Паскал Фере лажеше, го искористи моето име за да се промовира себеси и да го промовира магазинот за кој работи. Неприфатливо е човекот кој е одговорен за ваква престижна награда да лаже на таков начин, да покаже огромно непочитување кон личност која секогаш имала почит кон Франс Фудбал и „Златната топка“. И не само тоа, денеска повторно лажеше кога го правдаше моето отсуство со наводен карантин“.

„Секогаш сакам да им честитам на победниците, спортскиот дух и фер-плејот ми се водилка од почетокот на кариерата, никогаш сум немал ништо против никого. Секогаш сум победувал за мене и клубовите за кои сум играл, победувам за менр и оние кои ме обожаваат“.

„Најголема амбиција ни е да победувам и освојувам титули со клубот и националниот тим. Најголема амбиција ми е да бидам добар примар за сите оние кои сакаат да станат професионални фудбалери. Најголема амбиција ми е моето име со златни букви да биде испишано во историјата на светскиот фудбал“.

„Ќе завршам со тоа што ќе кажам дека мојот фокус веќе е кон следниот натпревар на Манчестер јунајтед, и на тоа што можеме да постигеме оваа сезона заедно со моите соиграчи и со поддршката на фановите“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе