ЦР7 смета дека во Торино не е безбедно

Роналдо не сака да се врати па на медиумите им открил дека Дибала се уште е позитивен на коронавирус?

Оваа недела беше објавено дека Пауло Дибала по четврти пат бил позитивен на Ковид 19 и никако да ја добие битката со коронавирусот, се шпекулира дека ваквата информација на медиумите им ја открил некој од кампот на Кристијано Роналдо.

Синоќа пристигна загрижувачка вест, Пауло Дибала и по речиси 40 дена не може да ја добие битката со коронавирусот. Новинар од Шпанија откри дека и четвртиот тест на Аргентинецот бил позитивен.

Јувентус никогаш не откри детали за тоа колку тестови се направени врз напаѓачот, па во Италија имаат теорија дека Кристијано Роналдо е тој кој открил информации за ситуацијата на Пауло Дибала.

ЦР7 во моментов е во Португалија и одбива да се врати во Италија. Се шпекулира дека некој од кампот на Кристијано Роналдо ја проследил веста до „Ел Чирингито“ за да се создаде слика дека не е безбедно во Торино и дека ситуацијата не е под контрола.

На овој начин Кристијано Роналдо ќе има оправдување за тоа што одбива да се врати и изговор за да остане што подолго со своето семејство во Мадеира.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе