Португалецот ќе настапи против нашиот Столе Димитриевски

Роналдо најави дека се враќа во тимот на Манчестер јунајтед: Во недела ќе игра кралот!

Кристијано Роналдо на социјалните мрежи остави коментар со кој најави дека се враќа во тимот на Манчестер јунајтед и во недела ќе игра против Рајо Ваљекано.

Кристијано Роналдо не се пријави на стартот од подготовките за новата сезона, официјалното соопштение беше дека Португалецот отсуствува поради семејни причино, но медиумите силно шпекулираа дека напаѓачот сака да замине од Олд Трафорд.

ЦР7 во вторникот се појави во тренинг центарот на „ѓаволите“, но во придружба на својот агент и одново се пишуваше дека тој побарал да замине.

Кристијано Роналдо не се најде во составот на Манчестер јунајтед за утрешниот пријателски натпревар против Атлетико Мадрид, но се чини дека напаѓачот ќе игра против Рајо Ваљекано и нашиот Столе Димитриевски еден ден подоцна.

Во коментар на социјалните мрежи, Кристијано Роналдо порача: „Во недела ќе игра кралот!“.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе