Изминатово лето, често се пишуваше дека Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер јунајтед, но „ѓаволите“ тогаш не му дозволија да замине.
Сепак, неговата желба беше исполнета овој месец. По интервјуто со Пирс Морган, во кое упати сериозни критики на адреса на тренерот Ерик тен Хаг, клубот и сопственицте, Манчестер јунајтед го раскина договорот на Кристијано Роналдо.
Како што пренесува СиБиСи Спортс, Кристиајно Роналдо ја добил првата конкретна понуда по разделбата со Манчестер јунајтед.
Ал Наср од Саудиска Арабија на маста ставил 225 милиони долари (околу 216 милиони евра) за тригодишна соработка.
СиБиСи Спортс додава дека зделката за кратко време ќе биде комплетирана доколку Португалецот каже ДА.