Нови гласини за иднината на Португалецот

Роналдо е пред трансфер во Саудиска Арабија за годишна плата од 200 милиони евра

Различни се гласините кои пристигнуваат за иднината на Кристијано Роналдо, денеска се пишува дека тој е блиску до трансфер во Ал Наср од Саудиска Арабија. 

„Дејли Мејл“ пишува дека Кристијано Роналдо е блиску до потпишување на договор со Ал Наср од Саудиска Арабија.
 
Наводно се работи за плата од 200 милиони евра по сезона. Роналдо ќе потпише две ипол годишен договор, со вкупна заработка од 500 милиони евра.
 
Претходно се велеше дека приоритет на Роналдо е да остане во Европа и уште да игра елитен фудбал. 
 
Додека не заврши Светското првенство во Катар, нема да се знае иднината на Роналдо, ќе се појавуваат само гласини за негова можна нова дестинација.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе