Сака да се пресели во клуб кој ќе атакува на титула во ЛШ

Роналдо е подготвен да прифати драстично намалување на платата за да замине од Манчестер јунајтед?!

Кристијано Роналдо е подготвен да прифати драстично намалување на платата со цел да се пресели во клуб кој може да атакува на титулата во Лигата на шампиони, ова попладнево го пренесе Индипендент.

Кристијано Роналдо денеска не се појави на тренингот на Манчестер јунајтед, Португалецот поради семејни причини не ги започна подготовките за новата сезона.

Ова само ги подгреа шпекулациите за негово заминување од Олд Трафорд, како што пишува Индипендент, ЦР7 е подготвен да прифати драстично намалување на платата со цел да се пресели во клуб кој може да атакува на титулата во Лигата на шампиони.

Весникот пишува дека неговиот актуелен договоро е тежок најмалку 500.000 фунти неделно, иако одредени извори велат дека тој може да вреди и до 700.000 фунти неделно.

Вакви суми ретко кој може да си дозволи, па Кристијано Роналдо е подготвен да добива помала плата само да биде дел од клуб кој е претендент во најелитното европско натпреварување.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе