Мендеш бара нов клуб за напаѓачот

Роналдо е подготвен да прифати 30% помала плата за да направи трансфер, бил понуден и на Барса

Новинарот Бен Џејкобс вели дека Кристијано Роналдо е подготвен да прифати 30% помала плата за да направи трансфер, но во моментов ниту еден клуб не сака сериозно да загриза за ангажман на напаѓачот.

Кристијано Роналдо и понатаму е дел од трансфер шпекулациите, новнарот Бен Џејкобс излезе со нови информации за ситуацијата на Португалецот.

Тој вели дека настап во Лигата на шампиони не е единствен услов за трансфер, ЦР7 сака да се пресели во клуб каде товарот ќе биде поделен со другите играчи и нема сè да се очекува од него, напаѓачот бара да има поддршка со цел да продолжи да игра во врна форма.

Жорж Мендеш дури го понудил Кристијано Роналдо на Барселона пред „каталонците“ да го ангажираат Роберт Левандовски. Во моментов ниту еден клуб не е блиску до потписот на Португалецот, па Манчестер јунајтед со леснотија стои на ставот дека играчот не е на продажба.

Бен Џејкобс исто така додава дека Кристијано Роналдо е подготвен да прифати 30% помала плата за да помогне да се реализира трансфер и останува заинтересиран за преселба во Атлетико, но клубот од Мадрид во овој момент нема ресурси за една ваква зделка.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе