Голем трансфер во последните денови од преодниот рок

Роналдо е блиску до потпис со Наполи

Жорж Мендеш во следните денови ќе треба да реализира нова трансфер бомба, да го пресели Виктор Осимен во Манчестер јунајтед за 100 милиони евра и да го однесе Кристијано Роналдо во Наполи.

Жорж Мендеш до четврток (на полноќ) има рок да му ја оствари желбата на Кристијано Роналдо за настап во Лигата на шампионите.

Медиумите од Англија пренесуваат дека повторно се опипува терен за трансфер во Челси, додека пак во Италија се говори за преселба на „Диего Армандо Марадона“.

Како што пренесува Кориере дела Сера, Кристијано Роналдо му кажал ДА на Наполи и сега Жорж Мендеш треба да ги склопи коцките.

Агентот треба да издејствува понуда од Манчестер јунајтед вредна 100 милиони евра за трансфер на Виктор Осимен (се говори дека Наполи бара 130 милиони евра), а како дел од зделката, Кристијано Роналдо треба да се пресели во Наполи на позајмица и „ѓаволите“ да плаќаат 80-85% од неговата плата од 24 милиони евра по сезона.

Исто така се говори дека Аурелио Де Лаурентис ќе направи отстапки за Кристијано Роналдо како за никој друг, и Наполи ќе се откаже од имиџ правата.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе