Португалецот стави крај на шпекулациите за неговата иднина

Роналдо: Ајде да одиме по моето трето Скудето!

Кристијано Роналдо ги замолкна сите кои пишуваат дека би можел да си замине од Јувентус во летниот преоден рок, тој јасно кажа дека останува во Торино и следната сезона. 

Роналдо не настапи на вчерашниот натпревар против Рома, Сари реши да го одмори за престојните предизвици од Лигата на шампионите.
 
Но Роналдо преку својот инстаграм профил даде завршен коментар за сезоната и најави дека во следната оди по ново Скудето.
 
„Среќен сум што ги освоив последните две од деветте титули по ред во Серија А на Јувентус! Изгледа лесно, но не е! Година по година, со посветеност и напорна работа можете да ги остварите вашите цели и да бидете подобри од претходно! Ајде да одиме по моето трето Скудето!“, напиша Роналдо на својот инстаграм профил.
 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе