Лига Европа

Рома загуби од Лудогорец, Арсенал го победи Цирих (ВИДЕО)

Рома загуби со 2-1 на гостувањето кај Лудогорец, со истиот резултат Арсенал победи во Цирих, Фенербахче со гол на Батшуаи во судиското продолжение го совлада Динамо Киев исто така со 2--1. 

Шампионот од Конференциската лига, Рома, имаше лош старт на сезоната во Лига Европа, тимот на Мурињо со пораз се враќа од Разград.
 
Рома имаше повеќе од играта, имаше повеќе шанси, ја погоди и стативата. Но по една лоша интервенција во одбраната, Лудогорец со гол на Каули во 72. минута поведе со 1-0.
 
Во 86. минута Шомуродов реализираше со глава за 1-1, но само две минути подоцна Нонато даде гол за победа на Лудогорец од 2-1.
 
Арсенал со тој резултат го победи Цирих на негов терен. Маркињос во 16. минута донесе водство, а домаќините преку Кризи израмни на 1-1 пред крајот на првото полувреме.
 
Нкетија по 17 минути игра во вториот дел даде гол за победа на Арсенал од 2-1.
 
Алиоски беше стартер за Фенербахче и играше до 82. минута, неговиот тим со 2-1 го совлада Динамо Киев со гол на Батшуаи во судиското продолжение.
 
Во судиското продолжение загуби АЕК Ларнака на Иван Тричковски. Беа поразени од Рен со 2-1. Македонецот беше стартер и одигра 80 минути.
 
Бетис со два гола на Вилијан Хозе победи на гостувањето кај Хелсинки.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе