Серија А

Рома во 92. минута го победи Сасуоло во 1.000-от натпревар за Мурињо како тренер (ВИДЕО)

Ел Шарави со гол во 92. минута донесе победа за Рома против Сасуоло во јубилејниот 1.000 натпревар за Мурињо како тренер. 

Рома и Сасуоло одиграа неверојатно драматичен натпревар полн со шанси кој на крајот го добија домаќините со 2-1 благодарение на погодок во судиското продолжение.
 
Ова беше голем јубилеј за Жозе Мурињо, 1.000 натпревар како тренер. Португалецот можеше да го доживеа и првиот пораз на домашен терен во Серија А, но на крајот се радуваше на победа.
 
Сасуоло постигна гол во 27. минута преку Берарди, но ВАР го поништи поради офсајд.
 
Десет минути подоцна Пелегрини интелигентно од слободен удар го проигра Кристанте кој постигна гол за водство на Рома од 1-0.
 
Вистинската драма се случуваше во второто полувреме. Најпрво Сасуоло преку Ѓуричиќ во 57. минута го изедначи резултатот на 1-1.
 
А потоа Рома се обидуваше да дојде до ново водство, а Сасуоло беше исклучително опасен од контра напади.
 
Рома брзо можеше да изедначи, но Абрахам ја погоди стативата, е неколку минути подоцна Пелегрини по идеален соло пробив биеше над голот во ситуација еден на еден со голманот.
 
Следуваа шанси на Сасуоло, Руи Патрисио одбрани зицери на Берарди и Бога, а Траоре ја погоди стативата.
 
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, Ел Шарави постигна убав гол во 92. минута за победа на Рома од 2-1.
 
Но можеше да се случи и израмнување, Скамака даде гол кој беше поништен поради офсајд. Среќата овојпат беше на страната на Рома.
 
По три одиграни кола Рома е прва на табелата со максимални девет бода колку што имаат и Милан и Наполи но римскиот клуб има најдобра гол разлика.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе