Серија А

Рома не блескаше, но ги освои трите бода против Удинезе (ВИДЕО)

Рома со минимални 1-0 го победи Удинезе и запиша три нови бода со кои се врати на четвртата позиција на табелата, Абрахам беше единствениот стрелец на мечот. 

Рома денеска не блескаше, но ја оствари целта, со победа над Удинезе се рехабилитираше од поразот од Верона.
 
Единствениот погодок на мечот се случи во 36. минута кога Калафиори одлично се проби по левата страна, асистираше до Абрахам кој постигна гол за 1-0.
 
Во 90. минута Пелегрини заработи втор жолт картон, тоа не влијаеше на резултатот, но Рома ќе биде без својот капитен за мечот против големиот градски ривал, Лацио, дуел кој се игра во следното коло.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе